Порака на денот: Грешите ако мислите дека другите живеат подобро од вас

Велиме дека тревата е секогаш позелена од другата страна на оградата, но дали е тоа вистина?

Photo by Austin Distel on Unsplash

Свесни сме дека споредбите со другите луѓе не ни носат ништо добро, но сепак голем дел од нас не можат да престанат со тоа. Споредуваат различни аспекти од животите на одредена личност, без да ја знаат целата приказна и донесуваат заклучок кој често е црн или бел. Но, вистината често е некаде на средина.

Ова е интензивирано со експанзијата на социјалните мрежи кои само повеќе го истакнуваат тоа дека некој таму живее одличен живот, а ние не. Но, не е така. На интернет ги гледаме најубавите слики, често една фотографија избрана од 1000 други, со филтери. Луѓето патуваат, јадат убави јадења во убави ресторани, носат убава облека, имаат совршени семејства. Но, дали е тоа навистина така?

Како и да живеат другите, без оглед на тоа дали се среќни или несреќни, тоа не би требало да има директна поврзаност со вас самите. Голем дел од нив се соочуваат со проблеми за кои воопшто не знаете, животни предизвици кои ги носат на своите рамења, но тоа ретко го гледаме на интернет.

Наместо тоа, луѓето ги споделуваат убавите бои од нивните животи со цел да прикажат одредена слика на која можеме да се насмевнеме, но не треба да минуваме премногу време во анализа и споредување, бидејќи никогаш нема да ја знаеме вистината.

Вие можете да го контролирате само својот живот

Ги знаете деталите и вистината за својот живот, не и на другите. Околностите во вашиот живот зависат од различни фактори, но наместо да минувате време мислејќи дека на некој таму му е супер, потрудете се да создадете околина во која ќе се чувствувате добро и исполнето. Сите ние сме единствени на свој начин, а и секој од нас има различна дефиниција на среќата. Потрудете се да поработите на тоа.

Помогнете им на другите, но не им одмагајте

Не погодувајте како некој дошол до среќата и дека за нив патото би лесен. Никогаш не можете да знаете со какви препреки се соочила некоја личност. Наместо тоа, потрудете се да помагате, волонтирате, давате поддршка и да давате вредност на контактите и поврзаноста со другите, а да не ја одземата таквата вредност со зависта и споредувањето. Тоа нема да ви донесе ништо добро, ниту вам, ниту на нив.

Бидете благодарни за она што го имате

Навистина е тешко да се биде благодарен, ако мислиме дека немаме ништо, но секој од нас има некаков благослов во животот. Иако треба да се изборите и сосема во ред да посакувате нешто што немате, не дозволувајте тоа да ви биде главниот фокус. Потрудете се да гледате нешто позитивно во својот живот секој ден, а и постојано да правите список на оние нешта за кои сте благодарни, без оглед на тоа колку мали и да се.

Среќата не зависи (само) од материјалните нешта

Иако парите се важни за да можеме да ги платиме сметките и да живееме удобен живот, мораме да признаеме дека некои работи не можат да се купат со пари. Можеби сте забележале дека ќе купите нешто и на почетокот сте среќни и исполнети, но мошне брзо го снемува чувството. Трудете се секојдневно да правите мали нешта кои ја зголемуваат вашата среќа и ја подобруваат вашата благосостојба, независно од тоа каде и како живеат другите.