Порака на денот: Да престанеме да ги сфаќаме работите толку лично

Можеби е време да размислиме колку од туѓите дела и зборови се наменети кон нас.

Да, лесно е да се навредиме и да помислиме дека некој сака да ни наштети, дека нечии дела се без причина злобни или наметливи или пак дека некои зборови имаат за цел да нè навредат. Но, голем дел од тоа не е насочено кон нас, туку е рефлексија на другата личност. 

Сите посакуваме да бидеме ценети според тоа какви сме како личности, но тоа е невозможно. Ако некој не се однесува онака како што треба или како што вие мислите дека треба, тоа не ја одредува вашата вредност.

Сите ние сме различни луѓе обликувани од нашите искуства, делата на нашите родители, зборовите на другите луѓе околу нас, па и образовниот процес. Сите се трудиме да најдеме среќа, но на различен начин. Затоа, ако сретнете луѓе кои не се однесуваат кон нас со почит и разбирање или кои не можат да ве сакаат, тоа не е ваша вина. Не сфаќајте го тоа лично.

Ако некој не може да ја види вашата вредност, вие никогаш нема да бидете вистинската личност за нив. Личноста која ќе ве сака ќе ги види сите ваши добри страни и ќе ве сака и покрај мааните кои ги имате. Тие ќе ве видат, разберат и прифатат. 

Но повторно, тоа не е одраз на вас, туку нивната перцепција, бидејќи убавината е во очите на оној што успева да ја види. Никогаш не го заборавајте тоа.