Поради здравствени причини откажано обраќањето на премиерот Мицкоски на македонско-српскиот бизнис форум

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка.

Владината прес-служба утрово информираше дека поради здравствени причини се откажува присуството и обраќањето на форумот претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Пред одржување на форумот, во Владата на Република Македонија, заменик -претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање.