Од 11.25 часот сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево во двата правци е блокиран поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Привремена измена на режимот на сообраќај на регионалниот пат Р1306, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, поради почнување со градежни активности во врска со проектот за санација на оштетувања на регионалниот пат Р 1306, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Поради тоа, од 7.6.2024 година сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за привремен режим на сообраќај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, од 1.4.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.