Поради протест, утре променет сообраќаен режим во централното градско подрачје

На 08.09.2021 (среда) со почеток од 13,30 часот најавен е протест кој треба да почне од плоштад ,,Скендербег“ за потоа да продолжи до канцеларијата на ЕУ. За таа цел од 13,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул."Гоце Делчев", бул."Илинден" и бул.“Климент Охридски".

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.