Поради недоразбирање во сообраќајот се степале пред кафеана, употребен бил и остар предмет - тројца тетовци ќе одговараат кривично

Тројца тетовци добија кривични пријави порди физички напад и повреда со остар предмет, бидејќи поради недоразбирање во сообраќајот, пред угостителски објект настанала пресметка меѓу нив.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против А.Х.(23), Г.И.(46) и И.И.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „насилство“ и „предизвикување општа опасност“.

На 12.12.2025 во близина на угостителски објект во тетовското село Камењане, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со остар предмет му нанел повреди на второпријавениот.