Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради големите наноси од снег кои се повисоки од 60 сантиметри поеќе лица се заглавени во Општина Студеничани.
Едно лице според ЦУК е заглавено во месноста „Празни торба“ – Црни врв, село Цветово во Општина Студеничани. Лицето денес во 9:18 часот, во РЦУК Скопје пријавило дека е заглавено, се наоѓа во сопствена викендица и не е во можност да го користи сопственото моторно возило, иако има зимска опрема.
Од РЦУК Скопје го известиле градоначалникот на Општина Студеничани, кој информирал дека имаат договор со фирма за чистење на снегот, но само до населените места. Потоа од градоначалникот добиле информација дека не успеале да обезбедат багер за чистење на снегот, но на пријавителот му било понудено да биде евакуиран со возило мотор со гасеници, но го одбил тоа бидејќи не сакал да го остави возилото.
Исто така денеска во 9:20 часот добиена е пријава за лица кои се наоѓаат во Планинарскиот дом „Караџица“ во Општина Студеничани, со возило, но поради висината на снежната покривка не можат да се вратат дома. И за овој случај е известен градоначалникот на Општина Студеничани.
ЦУК соопшти дека има проблеми со водоснабдувањето во Берово, Кавадарци и Крушево. Апелираат сите итни случаи да се пријавуваат на бројот 112 во ЦУК.