Случајот „Тендери“ на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), застаре поради неодаменшните измени во Кривичниот законик. Една од обвинетите во овој случај беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
- “Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна. Пресудата КОКЗ. бр. 149/23 е донесена на 15. 02.2024 година и е предадена на првостепениот суд“, потврдија од Кривичен суд за МИА.
Предметот „Тендери“ потекнува од СЈО, а задолжен за него беше обвинителот Стевчо Донев, кој сега е виш јавен обвинител. Според обвинението, екс министерката се гонеше за наместен тендер со „Бетон Штип“, кој вредел милион евра. Она што беше спорно за обвинителството е тоашто било договорено со фирмата да почне да работи а тендерот да се објави подоцна.
Поради измените во Кривичниот законик, донесени по „скратена постапка“ во септември лани, претходно застареа дел од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „Траекторија“ и „Моќник“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.