Поради изградба на кружен тек, посебен сообраќаен режим во Општина Илинден

Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека на ден 02.04.2019 година (вторник) во периодот од 09:00 до 19:00 часот заради изведување на градежни работи на локалниот пат Кадино-Клучка автопат А4, за сообраќај ќе биде затворен делот на патот од кај кривината во н.м Кадино (каде што е предвидена изградба на кружен тек) до раскрсницата со н.м Мралино.

Во овој период сообраќајот ќе се одвива со изменет режим, поради што се повикуваат учесниците во сообраќајот што го користат овој патен правец, доколку се во можност да ги користат алтернативните патишта.

cheap nike free run 5.0