Поради дефект овој дел од Скопје без вода

Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-150 мм на ул. Гоце Делечев 4 (во близина на Македонска Опера и Балет), прекинато водоснабдување ќе имаат дел од ул. Гоце Делчев, ул. Филип Втори и Адвокатска Улица, вклучително деловните објекти на наведените улици.

Водоснабдувањето е прекинато од 10:50 часот, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.