Поради дефект на мрежата, дел од населбата Пролет утре ќе биде без вода

Дел од корисниците од населбата Пролет лоцирани во билизна на булеварот „Кочо Рацин“ и улиците „Стив Наумов“ и „Тетовска“ утре од осум часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач со пречник од 200 милиметри на булеварот „Кочо Рацин“.

Корисниците ќе бидат без водоснабдување се додка екипите на Јавното претпријатие не го отстранат дефектот.