Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект од Ф-2цол на ул.Горно Лисиче 28 во населба Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Горно Лисиче, Горноврановска, Лисец, Божин Николов- Силни, и Хаџи Трајко.
Водоснабдувањето е прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот.