
Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект ф-80мм на ул.Томе Пуре бр.10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Томе Пуре, Душко Поповиќ и дел од Трговскиот центар Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување со санација на дефектот, прецизираат од ЈО Водовод и канализација-Скопје.