ЈП Водовод и канализација - Скопје известува дека денес поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Орце Николов 98, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од ул.Ленинова до ул.Наум Наумовски Борче .
Од водовод велат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.