Поради дефект целиот дел во околина на Црквата св.Димитрија без вода

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека поради уличен водоводен дефект Ф 2“ (цола) на улица Црвена Скопска Општина бб, кај Црквата св.Димитрија, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Црвена Скопска Општина.

Од Водовод велат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување на работните активности.