Поради дефект без вода ќе биде улица во Гази Баба

Без вода денеска од 13 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Филип Филиповиќ“ во Општина Гази Баба.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Филип Филиповиќ“ бр 4.

„Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата“, посочуваат од водовод.