ЈП Водовод и канализација - Скопје известува дека поради уличен дефект од ф -200мм на ул. Питу Гули бр.5, прекинато водоснабдување од 09: 00ч до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на ул. Питу Гули (градинка Кочо Рацин), ул. Ацо Караманов, Димитар Пандилов, Ганчо Хаџипанзов и дел од Караорман, општина Центар.
Од Водовод посочуваат дека корисниците од овие места ќе бидат без вода се додека дефектот не биде отстранет.