Поповска со поддршка за законот, но и за пушачите: Да имаат гарантиран простор кај што ќе пушат за свој ќеф

Македонска политичарка и поранешна претседателка на партијата ДОМ Лилјана Поповска со став за предлог-законот за заштита од пушење кој предзвика бурна јавна дебата во македонското општество. Вели пуштачите треба да имаат гарантиран простор. 

- Поддршка за Законот за забрана на пушење во затворено! Со неколку АМАНДМАНИ:

1) Тоа не треба да се изведе како КАЗНА и ПОНИЖУВАЊЕ за пушачите. Тие се скоро пола од народов, наши пријатели, роднини, колеги, комшии. Треба да имаат гарантиран простор кај што ќе пушат за свој ќеф, на своја штета, за свои пари, а државата да обезбеди програми и средства за одвикнување од пушење.

2) Истовремено да се води борба против аерозагадување од индустрија, загревање домови и јавни објекти, горење отпад, стари коли, незаштитени градилишта, на сметка на сечење дрва и шуми, со коруптивни ДУП,-ови, итн. Зашто скоро ист број луѓе умираат и од пушење и од труење на воздухот, дури и малку повеќе!

3) Законите да важат за секого, секаде, на ист начин, без "креативни" читања! - порача Поповска во својот фејсбук став.