Денеска, 8 ноември во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи комеморацијата за Оливера Николова.
„Друштвото на писателите на Македонија Ве поканува Да присуствувате на комеморацијата за Оливера Николова (1936-2024), нашата писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.
Свеченото збогување ќе се одржи денеска попладне, 8 ноември (петок) во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија, на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје“, извести Друштвото на писателите на Македонија.