Понесете си чадор: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд - на овие места можен е снег!

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 5 до 15 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 8 до 13 степени. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.