Понекогаш мора да се изгубите за да се пронајдете...

 

Ок е ако моментално не сте ок. Во ред е и човечки. Во ред е да се чувствувате изгубено. Понекогаш мора да се изгубите за да се пронајдете. 

И можеби ви изгледа дека многу работи околу вас се рушат. Но, тоа е ок. Затоа што за да дојде нешто ново, нешто старо мора да си замине и да направи место за новото. Во која ситуација и да се наоѓате во моментов, во ред е. Не мора ништо со сила да правите.

Прво прифатите дека и тоа е човечки. И дека не сте ни први, ни последни кои минуваат низ тоа. А сето она што го пребродил еден човек, може и кој било друг. Затоа само полека. Не осудувајте се себеси, не се критикувајте и не бидете лути на себеси. Затоа што тоа е дел од патот, сето тоа ве учи на нешто и ве води онаму каде што треба да бидете. Сето тоа е потребно за ваш развој и напредок. 

Сè има своја цел. Дури и ако не ја спознаете во истиот момент, не е важно. Само верувајте во процесот. Прифатете. И со мир одете понатаму. Чувство на мир и хармонија нека ве води по вашиот пат. И пред сè љубовта кон себеси. Затоа што она што никогаш не би сакале да му се случи на некој што го сакате, не си го дозволувајте ни на себеси. 

Ставете се себеси на прво место. Можеби за првпат во животот. Затоа што не можете да си помогнете на себеси, нема да можете ни на другите да им помогнете. Никому не сте корисни ако сте несреќни, најмалку на себеси. Таа жртва никогаш не носи благосостојба. 

Преземете одговорност за вашите чувства. Почнете да ги гледате работите од друг агол. И наместо мрачен тунел, побарајте траг светлина. Подобро чувство, барем малку подобро... па уште подобро. И подобро. Пронајдете се себеси во сето тоа. Послушајте се себеси.

И можеби за првпат не барајте туѓо мислење. Затоа што никој друг не го живее вашиот живот и не е со вас 24 часа на ден. Никој не знае што е скриено длабоко во вас подобро од вас самите. Затоа и никој не може да донесе подобра одлука од вас. Само полека. И смирено. И искрено кон себеси. Внимавајте на себеси. Затоа што ако вие не го правите тоа, кој ќе го прави? Ако не сега, кога?

Секогаш ќе постојат низа изговори. А времето проаѓа. И не дозволувајте да ви минува во страдање и незадоволство.

Дајте свој придонес за ваше подобро утре. Во вас е моќта да направите да биде подобро. Повесело. Посветло. Поисполнето. Со многу повеќе Љубов.

И она од кое можеби одамна сте се откажале... вашата вистинска радост.

~ Ива Брадариќ