Понеделничко будење - кога контејнер се претвора во депонија

Мини-депонии покрај контејнери, слика која никако да исчезне од лицето на Скопје. 

Конкретните фотографии се снимени на улицата „Македонска војска“ во Ѓорче Петров. Покрај вообичаен отпад, можеше да се забележи дека има и голема количина на парчиња стакло. 

Дали комуналните служби потфрлаат или се работи за несовесност на граѓанинот? 

Уште полошо е што во овој дел има доста згради и куќи чии тераси се насочени токму кон овие контејнери. Сигурно воопшто не е пријатна глетката.