Помогнете му на вашето тело - едноставни начини да го подобрите вашиот метаболизам

Подобрувањето на метаболизмот е еден од начините како да му помогнеме на нашето тело да функционира подобро.

Метаболизмот не е поврзан само со телесната тежина, туку и со нивоата на енергија кои ги имаме во текот на денот, расположението, па дури и начинот како се носиме со стресот.

Ова се неколку начини како можеме да го подобриме метаболизмот.

Вода 

На нашето тело му е потребна водата за да ги обработи калориите. Ако сме и малку дехидрирани, нашиот метаболизам успорува. Затоа, експертите препорачуваат барем 8 чаши вода во текот на денот. За да останете хидрирани, пијте чаша вода пред секој оброк. Дополнително, добра навика е да јадете овошје и зеленчук, кои исто така содржат вода.

Ужинки

Ужинките се одличен начин да го забрзаме метаболизмот. Затоа, нутриционистите препорачуваат мали оброци, со ужинки на секои 3-4 часа. Многу истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат навика да спремаат ужинки во текот на денот, јадат помалку за време на главните оброци и не се прејадуваат. Добро е да имате бадеми, урми или сезонско овошје или зеленчук кои не само што ќе ве одржат сити, туку и ќе го забрзаат метаболизмот поради природните влакна кои ги содржат.

Зачини

Зачините се одличен начин да го забрзате метаболизмот. Различни зачини влијаат различно на нашето здравје, но можете да ги користите во речиси секој оброк. 

Физичка активност

Аеробичните активности се најдобриот начин за подобрување на метаболизмот.Редовната физичка активност е суштинска за добриот метаболизам, но и нашето севкупно здравје.

Протеини

Нашето тело троши калории подобро кога консумираме протеини наместо јаглехидрати. Иако некогаш не можеме целосно да ги отстраниме јаглехидратите од исхраната, сепак можеме да додадеме протеини во исхраната кои ќе ни помогнат да го забрзаме нашиот метаболизам. Затоа, доадете јајца, пилешко, риба, грав, леќа и млечни производи со ниска масленост.

Зелен чај

Зелениот чај е една од најмоќните состојки за подобрување на нашиот метаболизам, но и севкупно здравје. Истражувањата покажуваат дека барем 2 шолји зелен чај дневно можат да придонесат кон побрзо согорување на калориите за 17% во текот на денот.