Положено цвеќе пред споменикот на Свети Климент

По повод државниот празник 8 декември - Свети Климент Охридски, македонски светец и еден од учениците на светите  Кирил и Методиј, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски  положи цвеќе пред  споменикот на Свети Климент Охридски,  во близина на Соборниот храм.

Цвеќе положија и делегации од Собранието на Република Македонија, од Владата на Република Македонија, од политички партии и здруженија на граѓани.