Положено цвеќе пред споменикот на Ченто

Во паркот во населбата Ченто по повод одбележувањето на 61 годишнината од смртта на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, беше положено свежо цвеќе пред споменикот изграден во негова чест.

Присутни на настанот кои положија цвеќе беа, делегација од општина Гази Баба предводена од градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, членови на Советот на општина Гази Баба, претставници од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, Здружение на пензионери и од Здружението на граѓани- херои на Македонија 2001.