
На 02.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје К.Ј. (46) со моментално престојувалиште во Германија, а која на 11.03.2026 била во Македонија заради административни причини, пријавила дека во периодот од 17.03-31.03.2026 била полово вознемирувана од страна на Б.„Н“, наводно таксист, кај кого престојувала во изнајмена соба во куќа во населба Драчево.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, Б.„Н“ во повеќе наврати ја допирал по телото, а на 31.03.2026 забележала дека од нејзиниот паричник биле одземени 3.500 евра, по што избегала од куќата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.