Половина Скопје и утре без струја, без вода неколку скопски населби

ЕВН ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  на ден 26.05.2022 година (четврток), без електрична енергија ќе останат следните корисници:                 

  • од 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците лоцирани на патот од с. Сопиште кон с. Горно Соње. (Општина Сопиште)

  • од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од дел од бул. ВМРО (спроти Пошта). (Општина Центар)

  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Илија Димовски  - Гоче. (Општина Аеродром)

  • Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 1513, 1515 и крак 2 од ул. Саса во нас. Пинтија. (Општина Карпош)

  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од  викендиците во с. Побожје. (Општина Чучер Сандево)

  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од  дел од с. Бардовци,  (место викано Рупа). (Општина Ѓорче Петров)

Исто така ЈП Водовод и канализација  ги известува граѓаните дека на ден 26.05.2022 година (четврток):

  • Поради отстранување  дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -80 мм на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот бр. 21, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица како и дел од бул. Илинден и дел од ул. Аминта Трети (потегот околу градски парк). (Општина Центар)

  • Поради отстранување  дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -100 мм на ул. Димо Хаџидимов бр. 64, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица како и дел од ул. Божидар Аџија и ул. Михаил и Ефтихиј. (Општина Кисела Вода)

  • Поради замена на затворачи во резервоарот за питка вода во с. Копаница, од 07:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од  селата: Копаница и Буковиќ.  (Општина Сарај)