
Најниска температура од -6 степени Целзиусови утрово е измерена во Скопје-Петровец и во Берово, соопшти УХМР.
Следуваат со -5 степени во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка со еден степен.
Во утринските и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко.
Максималната температура ќе достигне до 7 степени.