Полнети компири со печурки и кашкавал

За оние денови кога ви треба комфорна храна и микс на вкусови.

Состојки:

8 компири
200 гр свежи печурки
Еден кромид
100 гр кашкавал
Магдонос
Лук во прав
Сол и бибер
Лажичка италијански зачини
Бешамел сос или хопла

Подготовка:

Компирите сварете ги делумно. Предечете ги на половина, па издлабете ги. Кромидот пропржете го, па потоа ставете ги печурките и динстајте. Настрана направете бешамел од путер, брашно и млеко или загрејте ја хоплата. Во топлиот сос ставете го кашкавалот, печурките, па зачинете по желба. 

Од смесата ставајте во секој компир. Печете 20 минути на 180 степени.