Полната месечина на 5 и 6 јуни носи судбински промени за 5 хороскопски знаци

 

Полната месечина често има големо влијание на луѓето и е врзана со многу различни ситуации. Пет хороскопски знаци особено ќе ја почувствуваат нејзината енергија во периодот 5-6 јуни.

Најранливи ќе бидат Рибите, бидејќи оваа Месечина минува низ нивниот знак. Пред нив се ситуации кои значително ќе влијаат на нивната емоционална состојба. Ќе бидете подложни на промени на расположението, а можно е да останете сами што и да планирате со некоја личност. Ќе сакате да се оддалечите од реалноста.

Уште еден знак кој ќе ја почувствува оваа полна Месечина се Биковите. Претставниците на овој знак се многу емотивни, но и подложни на туѓото мислење. Тие претерано се нервираат што другите ќе помислат за нив, а овој проблем особено ќе биде присутен сега. Ќе станат раздразливи и депресивни. Можен е период кога ќе бидат подложни на пороците.

Раковите се уште еден знак кој ќе го почувствува влијанието, но кај нив тоа ќе се однесува на здравјето. Ќе чувствувате тахикардии и краток здив, но не треба воопшто да се грижите бидејќи тоа не е поврзано со здравјето, туку со пад на енергијата. Сепак, за жал можна е мала депресија кај нив во текот на овој период.

Девиците ќе почувствуваат покачен крвен притисок и можни проблеми со дишењето. Одговорните Девици се грижат многу за своето здравје, но треба да се одморат добро овој период и да внимаваат на исхраната и пороците.

Последниот знак кој ќе ја почувствува енергијата на полната Месечина се Близнаците. Тие еден момент ќе бидат една личност, а другиот друга, што често се случува за овој знак, но исто така ќе им се менува расположението постојано,  а и начинот на размислување. Во овој период на месецот, тоа ќе биде особено тешко и опасно. Внимавајте да не направите некакви штетни потези.