Полна Месечина во Водолија: Што им носи на хороскопските знаци?

Оваа полна Месечина доаѓа во знакот Водолија, која е склона да му пристапи на животот со рационалност и смирена глава наместо со срцето. Од друга страна пак, го имаме владеењето на Лавот кој носи романса, силни чувства и моќна енергија за сите знаци.

Сепак, јасно е дека некои работи мораат да се променат, а во тоа ќе ни помогне иновативната Водолија.

Што ги очекува хороскопските знаци за време на оваа полна Месечина?

Овен

Не ви е важно со кого ќе го минувате своето време, туку ја цените индивидуалноста на луѓето и така можете да се најдете во сечие друштво. Сепак, за време на оваа полна Месечина ќе посакате вистински да се поврзете со оние кои ви се блиски. Овие денови ви носат и можност да се ослободите од некои работи кои веќе не ви се потребни и да не чувствувате никаква грижа на совест за тоа. 

Бик

Вие долго бевте насочени кон остварување на една цел. Оваа полна Месечина ќе ви помогне да добиете перспектива каква што посакувате, а ќе ви ја обнови и мотивацијата и желбата за живот. Ќе се вложите во нешто што го сакате со срце и душа. Ова е период кога ќе откриете колку сте силни и колку досега издржавте и можете да издржите. Не го занемарувајте влијанието кое го имате над другите. 

Близнаци

Оваа полна Месечина во вас ќе ја разбуди благодарноста, па и носталгијата за искуствата кои животот ви ги донесе досега. Не тонете во анализи што би било кога би било, туку искористете го моментот и уживајте. Ова е период и кога ќе ви биде потребен мир, така што потрудете се да си го обезбедите тоа. 

Рак

Ветерот на промени го чувствуваат сите знаци, но вам ви доаѓа тоа малку тешко. Не се плашете овој период да ја побарате поддршката од драгите луѓе и да се потпрете на нив. Условите ќе ве натераат да прифатите некои работи за кои не сте сигурни во овој момент. Игнорирајте ги критиките од другите луѓе, но највеќе оние кои ви доаѓаат од себе. 

Лав

Некако постојано влегувате во конфликти со луѓето околу вас, а овој период тоа ќе направи и непријатна слика за вас. Осврнете се на добрите луѓе околу себе и оние кои ве прават среќни. Не се фокусирајте на оние кои ви згрешиле, тоа нема да донесе ништо добро. Не се фокусирајте ниту на своите маани, ова е период кога вистински ќе блескате.

Девица

Тешко ви е да им верувате на другите и да се потпрете на нив, но оваа недела ќе бидете најдобриот член на тимот. Луѓето околу вас ќе бидат иритирани од многу нешта, но вие ќе бидете рационалната личност која ќе им помогне во многу аспекти. За вас, доаѓаат и изненадувачки промени. Но, тоа не ве загрижува, сето тоа е дел од процесот. Ја имате силата и мудроста да постигнете многу работи.

Вага

Овој период е многу важно да ги избегнувате контроверзните теми. Не влегувајте во конфликти со луѓето и како и да се чувствувате, сфатете дека другите не се виновни за тоа. Ова е период кога некои Ваги ќе донесат важна одлука која ќе им дојде одлично овој период. Тоа ќе го постигнете со неверојатна леснотија.

Шкорпија

Кај вас како да доаѓа судар на 2 светови. Се соочувате со сопствените контрадикторности. Но, треба да сфатите дека тоа ќе ве направи само посилни и помудри. Некои Шкорпии ќе дојдат до заклучок дека сите работи за кои се грижат се ирелевантни. Оваа полна Месечина е се што ви е потребно за да го подобрите своето расположение. 

Стрелец

Вие заслужувате заслуги, а оваа полна Месечина ви го носи тоа. Време е да ги соберете плодовите за своите најсјајни и најголеми идеи.  Ова е време и за нови идеи. Најдоброто што можете да го направите за себе е да се опуштите и да ги пуштите работите да се случат сами од себе. Не морате ништо да туркате сами, не си создавајте притисок. 

Јарец

Напорната работа се исплати, а вие го заслужувате признанието за тоа повеќе од било кој. Можно е некои работи да ги чувствувате како свој товар, бидете внимателни колку од нив ви ја трошат енергијата. Оваа полна Месечина ви дава самодоверба да превртите една ситуација која ви е важна во своја корист. Следната недела ќе откриете многу за своите можности и алтернативи. 

Водолија

Вие сакате да ги изненадувате другите, а за време на оваа полна Месечина можно е да се изненадите себеси. Вашите емоционални реакции не се она што го очекувате. Прашање е дали да ги чувате своите мисли за себе или да ги споделите со другите. Минувате низ период кога се стекнувате со неверојатно ниво на емоционална енергија и тоа ќе ви дојде навистина добро. Можете да постигнете што и да посакате.

Риби

Време е за нови откритија, нови пријателства и нови луѓе во вашиот живот. Оваа полна Месечина ве поттикнува да го направите тоа. Не се кријте од светот. Имате многу вештини со кои можете да ги освоите другите.