Полна Месечина во Риби: Време е за случајни средби кои ќе ни го променат животот

Вообичаено, јануари е месецот кој има репутација дека носи нови почетоци за сите нас. Но, есента носи поинаква перспектива во однос на тоа. 

Овие денови, небото е осветлено со полната месечина која ни носи можност да свртиме нов лист.

Вообичаено, периодот на полна месечина ни носи длабока свест и чувствителност, а за некои луѓе предизвикува и проблеми во сонот, длабоки чувства, па и замор. 

Оваа полна месечина настапува во знакот Риби,  а таа носи многу нови можности да се почне одново.  Време е за нова кариера, нова работа, преселување во нов град. Ова е особено период за подобрување на финансиите и љубовните врски. Таа ја активира и фиксната ѕвезда Скат, која носи добра среќа, трајно задоволство и слава. Ова е полна Месечина која ослободува од стресот и ослободува од долгорочните ограничувања и фрустрации.

Ова е добра фаза да испробате нешто ново во вашата домашна рутина или личен живот. Би требало да се чувствувате пријатно овој период, како да сте свои на своето. 

Случајните средби би можеле да донесат моментална привлечност и нови пријателства, но и брзи одлуки. Следете ги своите инстинкти за да ги искористите новите можности.