Полна Месечина во Близнаци: Што им носи на хороскопските знаци?

Оваа полна Месечина настапува во знакот Близнаци на 30 ноември, а вашите комуникациски вештини ќе бидат на највисоко ниво.

Првата еклипса оваа сезона ни помага полесно да ги искомуницираме своите емоции и ни помага да бидеме поотворени за дискусија за темите кои се важни, особено оние поврзани за нашите пријателства и љубовни односи. 

Што им носи на хороскопските знаци?

Овен

Изминатиот период ви донесе многу предизвици, а сега е време за одмор. Ослободете го распоредот и најдете време само за она што ви носи задоволство. Само опуштете се. Тоа е она што навистина ви е потребно овој период, не ги игнорирајте своите потреби.

Бик

Ова е период кога ќе бидете фокусирани на своите финансии и за тоа кои се вашите следни чекори во животот. Тоа е во ред, но најдете време да си се почестите со нешто што одамна сте го посакувале. Поврзете се и со блиските, можеби подарок и за нив би дошол одлично. 

Близнаци

Време е да престанете да се фокусирате на другите луѓе и енергии. Ставете ги своите потреби и желби на прво место, за промена. Важно е да поработите на својата самодоверба и да си го вратите балансот меѓу вашето физичко и ментално здравје.

Рак

Ситуациите можеби ќе бидат малку чудни за вас, што ќе ве направи особено сомничави овој период. Сепак, важно е да се потпрете на својата интуиција. Научете да им верувате на своите инстинкти и да дозволите тоа да ве води низ емоциите и односите со другите луѓе.

Лав

Можни се мали проблеми во односите со пријателите, за време на оваа полна Месечина. Пред да навлезете во драма, направете кратка самоанализа и потрудете се да сфатите која е вашата улога во сето тоа. Преземете одговорност за тоа што го правите и кажувате.

Девица

За Девиците доаѓа голема можност. Прашањето не е дали го заслужувате тоа, туку дали сте подготвени. Вистината е дека морате да приоритизирате некои работи овој период, за да не се изгубите во хаосот на одговорности кои самите си го создавате. Време е и малку да се фокусирате на својот личен живот и семејството.

Вага

Ова е период кога сте насочени кон учење и осознавање нови нешта. Не станувајте фанатични во однос на некои ваши теории, нема потреба за тоа. Потрудете се да ги држите работите во баланс и да не го изгубите фокусот од она што е важно.

Шкорпија

Време е да обрнете внимание на долгот на вашата кредитна картичка и да ги ревидирате своите цели. Потрудете се да одлучите што е важно за вас во декември, но и во текот на целата следна година. Тоа ќе ви помогне да ги намалите трошоците.

Стрелец

Тешко е да се ослободите од стравот од обврски. Потрудете се да се ослободите од фобиите и стравовите кои прават да се плашите од обврски. Ако имате чувства, не се плашете да ги покажете. Напротив, потрудете се да утврдите каде лежи стравот.

Јарец

Дајте им љубов на оние околу вас на кои им е потребно тоа. Тоа не само што ќе им помогне ним, особено за време на пандемиијата туку и ќе ви помогне да ја осознаете својата моќ. 

Водолија

Постојат проблеми во вашиот љубовен живот, а вие имате измешани чувства во однос на тоа. Дајте си малку време и размислете. Тоа ќе ви помогне да утврдите што е она што го сакате овој период.

Риби

Домот е онаму кадешто е срцето, а ова е одличен период да го поминете своето слободно време под ќебе и околу своите сакани. Време е за мир и спокој, тоа од вас го бара оваа полна Месечина.