Полна Месечина на 27 февруари: Што им носи на хороскопските знаци?

Денеска, на 27 февруари настапува полната Месечина во Девица.

Во астрологијата, Девицата е земјен знак која го претставува здравјето, ориентираноста кон деталите и практичниот пристап. Таа е и под влијание на квадратот на  Сатурн во Водолија и Уран во Бик, кој настапи на небото на 17 февруари. 

Оваа полна Месечина ни носи можност да манифестираме среќа, но и да веруваме во големи промени. Многу од работите кои беа закочени за време на ретроградниот Меркур во Водолија ќе се придвижат напред кон успех под влијание на полната Месечина. 

Овен

Вашето здравје, добросостојба и дневни рутини се на дневен ред за време на оваа полна Месечина. Можеби се чувствувате истоштено од сите предизвици со кои се соочувавте изминатиот период, па сега е време да здивнете и да најдете време за себеси. Како огнен знак вие вообичаено имате многу енергија, но ова е период кога треба да си ја повратите назад. 

Бик

Оваа полна Месечина ја осветлува петтата куќа на креативност, деца и самоизразување. Можеби ќе почнете нов креативен проект преку поврзување со други луѓе. Некои Бикови ќе доживеат нова романса, а други ќе се фокусираат на децата. Ова е време кога треба да ја искористите својата лична моќ и да бидете отворени кон нови можности.

Близнаци

Вашиот дом минува низ промени а тоа се рефлектира и во вашите соништа. Можеби се селите, го реновирате домот или набавувате нешто ново што ќе го разубави. Искористете ја можноста да најдете спокој во својот дом и да ја намалите внатрешната тензија која се насобра во вас изминатиот период. Најдете миг во денот кога ќе уживате во спокојот на вашиот дом.

Рак

Месечевите циклуси се важни за вас, бидејќи Месечината е ваш владетел. Потребна е вашата мудрост а универзумот ве поттикнува да го проширите своето знаење преку едукација. Полната Месечина ве охрабрува да излезете од својата школка и да комуницирате со другите. 

Лав

За вас доаѓа смирување или некакво ослободување што особено ќе се истакне на полето на вашите финансии. Ова може да ви помогне и кон подобрување на односите со колегите на работа или пак остварување на вашата животна цел. Оттука можете да се движите само кон успехот. Размислете што сакате да постигнете и како сакате да се развивате и побарајте го тоа од универзумот за време на полната Месечина.

Девица

За вас полната Месечина која настапува во вашиот знак носи исполнување на потенцијалот кој го поседувате. Ова може да ви донесе хармонија и романса во постоечко или ново партнерство или пак да ви помогне да најдете радост во некакво креативно поврзување. Време е да се поврзете со другите и да се ослободите од стресот преку напорниот распоред.

Вага

Доаѓа до подобрување на полето на здравјето и дневната рутина. Можеби чувствувате некаква нервоза но оваа полна Месечина ви дава можност за позитивно размислување и насочување кон тоа што го сакате. Вашето физичко здравје е поврзано и со вашите мисли. Откријте ги мислите и сигналите на своето тело што ќе ви помогне да ја ослободите тензијата.

Шкорпија

Оваа полна Месечина за вас носи почеток на нова врска или пак позитивен настан во постоечката. Се подобрува и вашиот социјален круг и успевате да најдете среќа во малите нешта со другите. Универзумот ја намалува вашата тензија, а одредени промени во домот прават да се чувствувате и попозитивно. 

Стрелец

Кариерата и професионалното поле се фокусот на оваа полна Месечина која се случува во вашето 10то поле на кариера. Но, тоа влијае и на вашиот дом и емоционалниот свет. Сега успевате да го забележите отворениот пат кон иднината. Можни се и промени во домот, што ќе ви овозможат позитивен раст.

Јарец

Оваа полна Месечина носи промени во вашите финансии и сега космосот ви носи идеи за раст и експанзија. Можеби ќе се решите за дополнителна работа или кариерен пат. Можно е да откриете нови вести и можности кои ќе допрат до повеќе луѓе. 

Водолија

Вашата лична моќ и вредност се акцентирани за време на полната Месечина. Ова е аспект од вашиот живот каде ви е потребна саморефлексија и нови можности. Клучно е да научите од лекциите од минатото, но и оние кои можеби не се ваши туку на вашите блиски. 

Риби

Љубовта и односите се другите луѓе ја имаат главната улога за време на полната Месечина во седмата куќа на партнерства. Не заборавајте и на љубовта на себеси, бидејќи овој лунарен настан ви дава можност за тоа. Некои врски ќе се продлабочат, а некои Риби ќе доживеат нова романса.