Полициските „тигри“ уапсија вооружен скопјанец кај Бит пазар

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода Б.Ф.(36) од Скопје, затоа што околу 17.30 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што со уште едно лице го оштетиле и неговото возило „тојота аурис“, со скопски регистарски ознаки.

- Притоа, Б.Ф. кај себе имал пиштол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.