Полицијата во Скопје санкционира 171 возачи, 42 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции.

Полицијата изрече 12 мерки за возење без возачка дозвола, како и 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се осум санкции за возење под дејство на алкохол,  седум мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да е зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.