Полицијата во Скопје казни 122 возачи – од нив 26 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 26, пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила.

Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, пет за непочитување на првенство на минување и 44 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.