Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, 25-годишната М.П. од Гевгелија на 13 октомври околу 14:40 часот пријавила дека на вратата од нејзиниот дом слушнала репетирање на пиштол, додека нејзиниот поранешен партнер Ј.Г. и лицето Л.Г. тропале и се заканувале.
Полицијата веднаш интервенирала и ги уапсила двете лица. При увид на местото на настанот, во ормар за чевли бил пронајден пиштол без рамка, а при извршено алкотестирање кај Л.Г. биле утврдени 3,3 промили алкохол во крвта.
Истрагата покажала дека Ј.Г., кој е уапсен, се наоѓал на викенд-отсуство од казнено-поправна установа. Против двајцата осомничени ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.