
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(23) од село Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Од МВР информираат дека на 20.12.2025 во дворот на Калето во село Селце, полициски службеници од CBP Тетово пронашле торба со марихуана. По извршено вештачење било констатирано дека му припаѓа на А.М..
На 04.05.2026 во 09:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчески“ во Тетово, тој бил лишен од слобода и бил изведен пред истражен судија кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Од МВр додаваат дека лицето било спроведено Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.