Полицијата улови скопјанец во обид да регистрира фалсификуванo „Порше Кајен“

Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје поднело кривична пријава против Е.Д.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

- На 01.10.2021, пријавениот поднел барање за регистрација на увезено возило „порше кајен“, на кое со механички доработки и стружење бил променет идентификацискиот број, се вели во соопштението од полицијата. 

По дополнителни проверки било утврдено дека возилото е предмет на меѓународна потрага, распишана од Германија.