Полицијата уапси Германец во Центар, го извадила од угостителски објект

32-годишен Германец вчера бил уапсен во Центар поради дрога. 

- На 26.05.2023 во 02 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода германскиот  државјанин М.М.Ф.П.(32), затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти полицијата.