Полицијата уапси 42-годишна скопјанка, била барана за затворска казна

Вчера полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 09.30 часот во Скопје, на територија на општина Чаир, ја лишија од слобода О.К.(42) од Скопје.

Таа била барана по централна потерница од МВР, по наредба од Основен кривичен суд Скопје за казна затвор во траење од две години, а во врска со чл.235 ст.1 во врска со чл.22 од КЗ за сторено кривично дело кражба.

Лицето, како што соопшти МВР ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.