Полицијата со полни раце работа: Во одделни случаи уапсени 13 лица за дрога низ цело Скопје

Во текот на изминатото деноноќие полицијата апсеше за дрога низ повеќе делови на Скопје. 

- На 02.06.2023 во 23.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

- На 03.06.2023 во 00.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода П.И.(26) од Р.Србија, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

- Ноќва (03.06.2023) во 02.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

- На 03.06.2023 во 00.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- На 03.06.2023 во 01.40 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ф.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

- На 03.06.2023 во 01.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Е.(25), С.О.(18) и Н.М.(19), сите од кумановско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка.

- На 03.06.2023 во 02.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- На 03.06.2023 во 01.45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- На 02.06.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ш.(29), Л.А.(31) и Ф.А.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следат соодветени поднесоци.