Од МВР известуваат дека денеска во 11.50 часот на улица „Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народна банка, од граѓанин е пронајдено машко дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и кое не зборувало.
- Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите, велат од полицијата.
Исто така, денеска, во Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое било однесено во градинката Фидани од каде била земена од нејзината мајка, појаснуваат од МВР.