Полицијата пронајде нож кај 22-годишен скопјанец

Полицијата вчера уапси млад скопјанец кој се шетал со нож. 

- На 07.01.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Г.С.(22) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.