Полицијата приведе скопјанец кој пуштал гласна музика и ги навредувал полицајците

Министерството за внатрешни работи информира дека привело лице кое го нарушило јавниот ред и мир и во алкохолизирана состојба ги навредувало полициските службеници. 

Во однос на објавите на социјалните мрежи за приведување на лице во скопската населба Ѓорче Петров, ја информирамe јавноста дека полициските службеници во конкретниот случај постапувале по пријава на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Имено, при преземање на активности, полициски службеници биле навредувани и омаловажувани од лицето К.Ј., кое било под дејство на алкохол.  Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.