Полицијата приведе двајца крадци од скопско и расчисти две кривични дела

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи – ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје расчистија две кривични дела тешка кражба на дрзок начин, сторени во февруари 2023.

Како што информира МВР, на 08.03.2023 од слобода бил лишен Љ.А.(20) од с.Батинци, скопско. Тој се сомничи дека на 13.02.2023 на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје со употреба на сила од Н.Б.(50) од Скопје одзел чанта со лични предмети и пари. Исто така, тој се сомничи дека на 20.02.2023 на бул.„Кочо Рацин“, заедно со В.А.(19) од с.Батинци, со употреба на сила од С.Д.(61) од Скопје одзеле чанта со лични предмети и пари.

- Со Љ.А. бил извршен службен разговор, при што ги признал делата. Денеска, во Полициската станица Бит Пазар бил повикан и В.А., со кого, исто така, бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.