Синоќа во 22.40 часот во Кавадарци полицијата во Кавадарци го сопреле Р.С. од Кавадарци откако се објавил на инстаграм како нагло забрзува при што предизвикал пролизгување на погонските тркала и притоа создал бучава.
„Од страна на полициските службеници возилото е одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 14.03.2025 во Станица за технички преглед во Кавадарци извршено е мерење на бучава и утврдена е бучава над дозволената. Согласно член 344 став 3 од ЗБСП, возилото „бмв“ е привремено одземено на период од 90 дена“, информираат од МВР.