Во текот на вчерашниот ден и завчера се апсеше низ Скопје за дрога.
- На 09.02.2025 во 22.10 часот во Скопје, во населба Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Д.Т.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
- На 09.02.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Н.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
- На 09.02.2025 во 21.50 часот во Скопје, во парк на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
- На 08.02.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
- На 09.02.2025 во 01.45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВРСкопје го лишиле од слобода Д.Ј.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
На 09.02.2025 во 14.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.