Полиција на сите страни: Евакуација и на скопската Железничка станица

Продолжуваат дојавите за бомби низ Скопје, а полицијата мораше да ја евакуира и скопската Железничка станица, објави „Плусинфо.мк“.

Екипи на МВР пристигнале на Железничката станица, по што ги евакуирале вработените во локалните дуќани, како и автобуската станица.

Засега нема потврда од МВР за дојавите на бомби кои утрово предизвикаа хаос во Скопје, откако претходно беа евакуирани неколку скопски училишта, но и шопинг центарот „Ист Гејт мол“.